(Галерија) Еурофарм Пелистер поразен од ГОГ Гудме со 31:28

Фото: Вангел Тануровски

Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, со аплауз и со два бодови замина од Битола.

Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите, иако во првото полувреме постоеше искра надеж дека со помош на осмиот играч „чкембарите“, битолчани ќе слават. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите.

Триумфот на ГОГ Гудме го донесоа Фредрик Бјери со 13 и Хјалте Лике со 9 постигнати голови, додека во домашниот тим со својата прецизност  доминираа Манасков со 9 и Кузмановски со 8 голови, недоволно за втора победа на Еурофарм Пелистер во европската Лига на шампионите.  МИА

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ