МВР информира за пожар во две возила во населбата Кисела Вода во Скопје.
-На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври” во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Според МВР рано утрово исто така во Кисела Вода бил запален и џип.
-На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров” во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер” со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф” со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
На Фејсбук граѓани пишуваат дека пожарот на џипот бил намерно предизвикан.
-Ноќеска во Кисел Вода-кандахар на шампионче на другар му го запалија џипот на ист начин. Зафатена беше и зградата среќа што пожарната дојде одма. Комшии, ноќна стража додека ги фатат нарачателиве, напиша Ѓорги Глетановски, кому пред 10-тина дена исто така му беше запален автомобилот.






