Цистерна излета од коловозот и се запали, патот Гевгелија – Богданци е затворен

Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

-Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси  огнот кој предизвика силен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола, вели Ангелов.

Тој додава дека истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но оти опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум.

Ангелов најави дополнителни информации за следните чекори за справување со ситуицјата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ