Под силно полициско обезбедување од претпладнето се вршеа проверки во отпад во Штип, кој е еден од најголемите во градот за откуп на секундарни суровини, пред се’ железо, стакло и хартија.
Во исчекување на официјални информации од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство од Штип, споделуваме неофицијални информации според кои, се проверува законитоста на откупот на железо, исправноста на финансиското и даночното работење.




