Нема крај аздисаноста на фамилија Тоневски во Пробиштип, дали ќе се одземе возилото „ауди“ на син му, прашаа од СДСМ

Фото: СДСМ

Аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и членовите на нивните потесни семејства не престанува, напротив од ден на ден е се поизразена. Синот на Тони Тоневски, е фатен како управува моторно возило марка ауди со 185км/ч, на место каде дозволена  е брзина од 110км/ч. Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад, изјави за медиумите, Весна Ристовска, СДСМ Пробиштип .

-Тони Тоневски е претседател на локалниот огранок на ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ, а оваа функција ја има извршувано во два последователни мандати, од 2009 до 2017 година. Тој, Тоневски, откако беше именуван за директор на рудникот „Булмак 2016″  по преземањето на власта од ДПМНЕ со плата од 5000 евра, остави многу фамилии на раб на егзистенција, бидејќи ги отпушти од работа, а на останатите рудари им ја намали платата. Го доведе рудникот на раб на стечај, но си  ја намести сопругата да биде Директор на Агенцијата за пошти со плата од 3000 евра, рече Ристовска и додаде:

-Сега сведоци сме на грубо кршење на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и загрозување на животите на останатите учесници во сообраќајот од страна на неговиот син. До кога вака? Јавно го прашуваме министерот за внатрешни работи кој денес беше во Пробиштип: Дали е постапено по случајот согласно сите законски надлежности? Дали е вршено притисок и кој вршел притисок целиот случај да биде заташкан поради кандидатурата на Тоневски за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ? Дали ќе биде одземене возилото „ауди“, кое секако е купено со парите на граѓаните, и на која институција или градинка ќе биде предадено, бидејќи така постојано говори министерот Тошковски, рече Ристовска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ