(Видео) Како ќе изгледа Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница

Фото: Видео

Министерството за здравство, преку објава на ФБ го промовираше приказот на идниот Меморијален центар во Тетово во спомен за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово. 

По пожарот во модуларната болница во Тетово, кој однесе 14 животи, истрагата сѐ уште нема разрешница. Во трагедијата загинаа 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини. Пожарот ја уништи болницата за помалку од три минути.

Модуларната болница во Тетово беше една од 29-те изградени за справување со големиот број заболени од Ковид-19.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ