Есента не се шегува, температурата уште ќе паѓа и цела недела дожд

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 5 степени во Лазарополе, 8 во Крушево и Маврови Анови, 9 во Охрид и Берово, 10 во Крива Паланка и Претор, 11 во Виница и Прилеп, 12 во Скопје – Зајчев Рид, Битола, Куманово, Тетово и Штип, 13 во Скопје – Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци и Демир Капија, како и 14 степени во Гевгелија.

До 8 часот наврнале и 15 литри дожд на единица површина во Претор, 12 во Скопје – Петровец, 10 во Куманово, 9 во Попова Шапка, 8 во Тетово, 7 во Виница, 5 во Берово, 4 во Битола и Гевгелија, 3 во Скопје – Зајчев Рид, како и еден во Велес, Охрид, Крушево и Струмица.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ