Уапсени 60 пиромани, 36 заработија кривична – Со 2.080 пожари летово ја уништија државата

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави.

-Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 29.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми. Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата. Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ