Актерот на штипскиот Народен театар и актуелен директор на НУЦК “Ацо Шопов”, Пеце Ристевски е добитник на наградата на најдобро актерско остварување на Меѓународен театарски фестивал „Отело” во Гостивар. Ристевски наградата ја доби за улогата во претставата „Пијани – литургија зеро” од Иван Вирипаев, а во режија на Дејан Пројковски, која беше изведена на фестивалот.
„Ова признание претставува голема чест за нашиот театар и потврда за уметничкиот квалитет кој континуирано го негува нашиот ансамбл“, инфомираат од Народниот театар – Штип.
„Пијани“ беше една од шесте претстави изведени на фестивалот „Отело“ во Гостивар. Покрај за актер награди беа доделени и за за најдобра претстава, актерка и режија.




