Професорот по кривично право Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ги коментираше последните случувања околу обвинението за трагедијата во Кочани:
„Не е страшно што обвинителите згрешиле со “теоријата” за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение.“ – напиша Калајџиев.






