Депортирани 67 државјани на Македонија и Србија од Германија – 19 со криминално досие

Со чартер лет од Франкфурт организиран од германската покраина Хесен, во вторникот рано наутро беа депортирани 67 лица во Србија и Македонија. Министерството за внатрешни работи на Хесен соопшти дека меѓу депортираните, имало и 19 криминалци.

Како што информираат германските медиуми, колективната депортација од Франкфурт ја следеа припадници на Фронтекс, црквата и претставници на германските инстистуции. На аеродромот беше и министерот за внатрешни работи на Хесен, Роман Посек, кој рече дека овие луѓе се депортирани откако биле исцрпени сите правни процедури и останале со статус нелегален престој. Од странските државјани било побарано доброволно да ја напуштат Германија, но откако не заминале, се депортирани.

-Мора да продолжи охрабрувањето на матичните земји да соработуваат поефикасно во враќањето на нивните сонародници. Понатаму, важно е постојано да се преиспитува ситуацијата во различните држави и да се извлечат практични заклучоци од неа. Ова важи и за Сирија, на пример. Депортацијата на криминалци и закани мора да продолжи да биде приоритет. Јасно е дека е потребен пакет мерки за намалување на нерегуларната миграција. Клучот за вистинска промена лежи во намалувањето на протокот на бегалци, изјави Посек.

Во покраината Хесен помеѓу јуни 2024 и јуни 2025 година, депортирани се 91 лице во Србија, а 16 во Македонија. Помеѓу јануари и август оваа година, депортирани се 1.324 странски државјани од различни држави. Минатата година имаше вкупно 1.661 депортации.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ