„Текстилијада 9“ на 3 и 4 октомври во Штип

Деветото издание на „Текстилијада“ почнува од утре и со низа на дебати, културни настани ќе се одвива на 3 и 4 октомври во Штип. На денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека станува збор за настан или Фестивал којшто низ годините стана традиционален и интернационален, бидејќи доаѓаат гости и од Балканот и од Европа. Посочува дека очекува на дебатите да дојдат работници, претставници од синдикатите и од власта.

-Она што го правиме утре е во 10.30 часот во хотел Оаза, каде што ќе имаме Форум за модернизација на приватниот сектор, бидејќи сметам дека за оваа тема треба да се разговара повеќе од било кога, со оглед на тоа што ни се случува не само во Штип, туку и во целиот источен регион, односно затварање на добар дел од текстилните компании. Затоа е битно да ги повикаме оние што ги носат одлуките за да видиме каква е Стратегијата во наредниот период и дали ќе има изгледи дека оваа ситуација ќе се подобри изјави Ампева.

Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“ додава дека утре ќе имаат и конференција за родово и одговорно буџетирање.

-Утре во 13.30 часот почнуваме со Регионалната конференција на тема родово одговорно буџетирање за Источен регион. На оваа дебата свое обраќање ќе имаат и кандидатите за градоначалници од Штип, Делчево и Виница. Продолжуваме со ликовниот конкурс на кој пристигнаа над 38 литературни творби, Дишоски.

Ампева најави и  дека во текот на утрешниот ден во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип ќе имаат мултимедијална изложба, на којашто ќе можат да се видат старите машини за шиење и други предмети кое го поврзува текстилството од минатото до денес.

-Исто би сакала да ја спомнам и дебата во сабота на 4 октомври во 11.00 часот повторно во хотел Оаза, каде што повторно очекуваме синдикати од земјава и странство, меѓу останати и Државниот инспекторат за труд и од Министерството за економија и труд да разговараме за правните и институционални предизвици со кој се соочуваат синдикатите во нашата земја и да земеме примери од регионот, рече Ампева.

Во рамките на „Текстилијада 9“ ќе има и промоција на весникот „Текстилец“, промоција на стрипови „Супер синдикалка, потоа на творбите од литературниот конкурс, а  на кој пристигнале над 30 литературни творби, во две категории за средношколци и основци.

Дишоски информираше дека „Текстилијада 9“ е финански поддржана од меѓународниот центар „Олаф Палме“, шведската фондација „Kvinna til Kvinna“ и од Општина Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ