Канал 77 бара ново радио лице

Дали си полн со енергија уште од првото утринско кафе?

Дали имаш харизма, чувство за хумор и способност да ја разбудиш публиката со збор?

Канал 77 – најслушаното радио во Македонија, ја проширува својата екипа и го бара новиот машки водител за нашето Утринско шоу во Штип

Ќе работиш во динамичен и забавен тандем со Христина Спирова, а твојата задача ќе биде да внесеш свежина, креативност и позитивна енергија во денот на нашите слушатели.

Што очекуваме од тебе?

  • Да имаш јасен и пријатен глас
  • Одлична дикција и комуникациски вештини
  • Чувство за хумор и креативност
  • Желба да работиш во тим и пред микрофон
  • Искусво во медиуми е предност, но не е задолжително

Ние нудиме:

  • Работа во најслушаното радио во земјата
  • Креативна и позитивна средина
  • Можност да станеш препознатливо радио лице

📩 Испрати твоја кратка биографија (и по можност демо-снимка) на [email protected]

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ