Зимата ни се смее, Македонија белее! Снегот се симна од планините

Врнежите од снег кои го зафатија мавровскиот крај, предизвикаа проблеми во сообраќајот и на одредени сообраќајници има паднати дрвја. Екипи со вработени во Националниот парк „Маврово“ од синоќа ги расчистуваат коловозите.

-Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското Езеро. Причина за паднатите дрвја е снегот кој врнеше во текот на целиот ден, наведуваат од НП Маврово.

Фото: НП Маврово

Оттаму посочуваат дека се општествено одговорна институција, која се става во служба на граѓаните.

Според информациите кои ги соопштија, претпладнево во околината на Маврови Анови и околните населени места, снежната покривка достигнува триесетина сантиметри.

Но, не е само Мврово под снег, како и Попова Шапка, поточно планините. Македонија веќе белее, а снегот се спушти и на пониските места. Од ноќеска под снежн покривка е и граничниот премин Деве аир, а веќе вее и на патот Штип-Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ