Пензионер си ја разнел пола куќа, се обидувал да убие мува

Фото: Јутјуб

Еден човек во Франција разнел дел од својата куќа додека се обидувал да фати мува.

Господин во своите 80-ти години подготвувал вечера кога слушнал иритирачко зуење на мува.

Тој зел електрична удиралка за муви и почнал да ја замавнува, но во неговиот дом во Дордоња, Франција, дошло до истекување на гас.

Реакцијата на тој гас и електричниот ракет предизвикале експлозија, уништувајќи ја кујната и делумно оштетувајќи го покривот на куќата во селото Паркул-Шено, пишува Би-Би-Си.

Локалните медиуми известуваат дека неименуваниот маж успеал да избега и добил само мали изгореници на раката.

Судбината на мувата што предизвикала сè да се случи е непозната, а сопственикот на куќата сега е во локален камп додека неговото семејство помага со поправките на домот, пренесува јутарњи.хр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ