(ВИДЕО) Платите во „Булмак“ се зголемуваат, не се намалуваат, вели Тоневски во Стадион на Канал77

Во најновото издание на емисијата „Стадион“ аргументите ги соочуваат актуелниот градоначалник на Пробиштип Драган Анастасов кој ќе го бара својот трет мандат и Тони Тоневски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Една од темите за која се разговараше беше наводното намалување на платите на работниците во рудникот „Булмак“. Директорот на рудникот Тоневски вели дека таквата информација не е точна и дека платите се зголемуваат, а не се намалуваат.

„Најодговорно тврдам дека платите на рударите ниту еден денар не е намалена, напротив, се зголемува. Можеби не е зголемена на администрација, меѓутоа не е ниту намалена. Секој 15-ти во месецот им се исплаќаат платите на работниците. Општината не може да функционира без рудникот“, изјави Тоневски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ