Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон. Годинешното издание на Виз Ер скопскиот маратон донесе рекорден број од 14.010 учесници од 58 држави.
Прв пат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за блискост со граѓаните и тимски дух, под мотото „Собрание за граѓаните – трчаме заедно“. 64 пратеници и службеници од Собранието трчаа во неколку дисциплини, и тоа: полумаратон, штафета и трка на 5 километри, за промоција на здрави навики, солидарност и институционална отвореност кон граѓаните. Во суштина, ова учество не е само спортски настан — тоа е симболична порака за транспарентност, соработка и човечки пристап во работата на Собранието.
Погледнете дел од атмосферата низ фотографиите на Вангел Тануровски.





















