Скопскиот маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ, реагираат од СДСМ

Фото: Вангел Тануровски

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандаити за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон. Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот, реагираат од СДСМ.

-Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон. Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања. СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата. И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува, се вели во реакцијата од СДСМ..

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ