Напред Македонија! ФФМ организира фан зона во Гент пред натпреварот Белгија – Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи дека пред натпреварот Белгија – Македонија ќе биде организирана официјална фан-зона за македонските навивачи. Фан зоната ќе биде во Коренмаркт, Гент од 11 до 18 часот на 10.октомври во петок. 

Фан-зоната ќе биде место на собирање, дружење и заедничка поддршка за репрезентацијата пред почетокот на натпреварот. ФФМ обезбедува бесплатен организиран превоз за сите навивачи од фан-зоната на Коренмаркт до стадионот и назад. Фан зоната се организира за поголема македонска поддршка и за создавање вистинска навивачка атмосфера во Гент.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ