Приведен е сопственикот на „Марковски компани“ и дел од поранешното раководство на РЕК – ЕСМ демантира апсење на актуелни директори

Финансиската полиција го привела сосптвеникот на „Марковски компани“, Борче Марковски во врска со истрага врзана со јавните набавки во РЕК Битола. Истрагата што ја води Финпол, се однесува на тендер во вредност од 100 милиони денари.

Дел од политичките партии изнесуваа податок за наводно незаконито работење на РЕК и местење на тендери. Според нивното тврдење, привилегирани компании само во еден ден инкасирале по  63.000 евра за изнајмување на десет работни, а за само две години една компанија наплатила 200 милиони евра од тендери.

Неофицијално, приведено е и дел од пореншнот раководство на РЕК Битола, но засега нема потврда за кого се работи.

ЕСМ, во чии рамки работи РЕК се огласи со соопштение до јавноста во кое демантира дека некој од актуелното раководство на РЕК Битола е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка.

„Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата. Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба, соопшти ЕСМ.

Телевизијата Телма информира дека се уапсени осум лица, меѓу кои и сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, како и двајца вработени во неговата компанија, додека шестмина од поранешното раководство на РЕК.

„Освен директорот Матевски, уапсени се и двајца поранешни технички директори, поранешен директор на ПЕ Рудници, помошник директор за производство и раководителот на рудникот Суводол. Тие се уапсени за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од рудникот Осломеј во рудниците во Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Код уште во мај годинава објави дека парите биле исплатени, но погонските станици не биле монтирани“, објави Телма.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ