Доктор Зекирија Шаини, во кого пред некој ден беше пукано во Куманово, а подоцна уапсена неговата соруга, денес тврди дека, таа не стои зад неуспешниот атентат.
-Чувствувам морална и професионална обврска да информирам. Немам никаква информација и сознанија за мотивите, немам нерасчистени сметки. Лажни се тврдењата дека зад неуспешниот атентат стои госпоѓата Ариета, затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга ,која е вмешана во овој случај, почитувајќи ја нашата семејна приватност. Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација, моја и на моето семејство, како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, апелирам да се зафатат со вистинскиот осомничен, а не ова да го прикажуваат како семејна расправија или недоразбирање. Доколку беше така јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бга мојата сопруга и двете ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане.
Во меѓувреме од ОЈО велат дека во ска со тој настан, до Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.
-Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, информираат од ОЈО.





