Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на крстосницат на бул. „Свети Климент Охридски“ и улицата „Свети Кирил и Методиј“ во близина на зградата на поранешна Нова Македонија , пред малку се случила сообраќајна незгода.
ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Увидот се уште трае, а од МВР велат:
-Денеска (13.10.2025) околу 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на раскрсницата од ул.„Мајка Тереза“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата едно лице се здобило со повреди и е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид во тек, информираат оа МВР.





