(Видео) „Имаме прекрасна млада жена“ – Трамп ја испофали Џорџа Мелони

Фото: Х видео

Документот за крај на војната во Газа беше потпишан за време на меѓународниот самит на околу 20 светски лидери во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на Црвеното Море.

Трамп одржа говор по потпишувањето. Тој рече дека ова е „ден за кој луѓето низ регионот и светот работеле, се стремеле, се надевале и се молеле“.
Додека зборуваше, други светски лидери, вклучувајќи ја и италијанската премиерка Џорџа Мелони, застанаа зад него.

Во еден момент, тој се сврте кон неа и рече: „Имаме прекрасна млада жена. Ако го користите зборот „убава“ во Соединетите Држави, тоа е крајот на вашата политичка кариера“. Но, ќе ризикувам. Каде е таа? Тука е. Дали ви пречи да ве нарекуваат „убава“? Затоа што е. Ви благодарам што дојдовте. Таа сакаше да биде тука и е неверојатна. Тие навистина ја почитуваат. Таа е многу успешна политичарка“, додаде Трамп.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ