(Видео) „Изгледаш одлично, но морам да те натерам да престанеш да пушиш“: Ердоган ја насмеа Мелони

Фото: Јутјуб видео

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони на маргините на самитот за Газа во Египет, ја искористи можноста да ја пофали, но и прекори.
За време на разговорот меѓу двајцата лидери, во порелаксирана атмосфера, Ердоган ѝ рекол на Мелони дека „изгледа одлично, но мора да престане да пуши“.

Турскиот претседател Ердоган не прецизираше зошто ги дал забелешките, но го стори тоа со препознатлив, полушеговит тон.
„Изгледаш одлично, но морам да те натерам да престанеш да пушиш“, рече Ердоган, што ја насмеа Мелони.

Макрон, кој стоел до нив, се надоврзал: „Тоа е невозможно!“
„Знам, знам. Не сакам никого да убијам“, одговорила Мелони.


Ердоган, познат по својот цврст став против пушењето и активните кампањи за здрав живот во Турција, претходно им советуваше на јавните личности да се откажат од таа навика, пренесува блиц.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ