Исчезнала жена во Липково, се бара со дронови

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека е исчезната жена во реонот на кумановско Липково. Пријавата е добиена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. 

– По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи (МВР) со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување. Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае, велат од ЦУК.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ