Полициски службеници од Полициската станица – Тетово вчера попладне по 16 часот го уапсиле М.М. (28) од село Челопек, откако нападнал лекар во Клиничката болница во Тетово.
-Како што е пријавено од Полициската станица Тетово, во Клиничката болница Тетово тој се однесувал агресивно кон персоналот и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар во болницата, додека се обидувал да му укаже медицинска помош. Исто така, по пристигнувањето на полициските службеници, М.М. се однесувал агресивно кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници.
Напаѓачот е приведен во полициска станица. Како што најави полицијата, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нападот на лекар е кривично дело. Според измените на Кивичниот законик, вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. За нанесување тешка телесна повреда на здравствен работник следи казна затвор во траење од една до дест години.





