Протекоа наводни интимни снимки од кабинетот на градоначалник – Ел Чека повторно во акција

Smartphone recording hacker asking money for ransom on internet, mobile ransomware cyberattack, anonymous threatening victim. Online scam, cybercrime fraud, malicious software

Снимки, за кои се тврди дека се од кабинетот на градоначалникот на општина во Западна Македонија деновиве се споделуваат на Фејбук од профилот „Ел Чека“, на кои се слуша машки глас, за кој профилот сугерира дека е на  градоначалникот кој ѝ се обраќа на жена, наводно вработена во општината.

Гласот ја повикува жената да му седне во скутот, а се слуша бакнеж. „Ел Чека“ профилот споделува и експлицитни разговори.

-Девојките кои работат во општината треба да го прашаат градоначалникот пред да си одат, но ниту градоначалникот не ги прашува. Директно ги бакнува, стои во описот на снимката.

„Епа Дон Жуан, благодарение на своето богатство и власт, успеал да прави вакви недолични постапки во општинската зграда“, пишува Ел Чека.

Во неколку објави понатаму на профилот Ел Чека пишува дека е во Америка, но поставувањето на прислушувач во кабинетот на градоначалникот го чинело 20.000 долари.

„Тој прислушкувач што беше пронајден во општината ме чинеше 20 илјади долари за да го инсталирам за да го снимам однесувањето на Дон Жуан со работниците. Значи, не должам никому ништо да ми кажува кого да го разоткријам и кога да го разоткријам, а кого да не разоткрија, не уништувам ничие семејство затоа што немам таква намера, но не можам ни да ги заштитам затоа што мора самиот да се заштитиш. Не сум побарал ништо од никого и никој не треба да ми кажува што да правам, им дадов збор (на ДУИ) дека ќе ги уништам и тоа е она што ќе го направам“, пишува во една од последните објави.

Во друга објава објаснува:

„Украдените хард дискови од безбедносните камери во општината немаат никаква врска со мене, не сум бил во Кичево речиси 9 години, а тужбата што сакате да ја поднесете против мене ќе ви пропадне бидејќи Америка не е како Македонија, тука има систем и тоа се гледа кога влегуваш и кога излегуваш. Сами ги зедовте хард дисковите за да проверите кој го прислушувал кабинетот, немојте да бидете жртви затоа што сте големи ѕвезди и месечини“, пишува на профилот.

Засега нема потврда на случајот. Човек под псевдоним Ел Чека е познат на македонската јавност од пред шест годни, кога почна да објавува прислушувани разговори на албанските политичари. Беа објавени снимки со наводни гласови на Али Ахмети, Муса Џафери Блерим Беџети, а една снимка и со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Ел Чека тогаш во едно видео се обрати до јавноста со закани дека нема да престане со објавување на разговори се’ дури не започне меѓународна истрага за Диво Насеље. Албанските медиуми објавија дека зад овој профил се крие 36-годишен иселеник во Чикаго, САД од кичевското село Туин.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ