По објавувањето на фотографии на кои се гледа како поранешниот претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски седи во кафеана во друштво на актуелниот градоначалник на Охрид и кандидат за нов мандат од редовите на ВМРП ДПМНЕ, Кирил Пецаков и пратеникот од оваа партија, Сашо Донев, медиумите го прашаа Венко Филипче за коментар.
– На ова прашање ќе одговорам само со еден познат цитат на поранешниот претседател на партијата – Или си СДСМ, или не си“, одговори Филипче, актуелен лидер на СДСМ.
Веста ја објави Инфомакс и во неа се тврди дека фотографијата е направена вчера попладне во Охрид.
Бранко Црвенковски по завршувањето на претседателскиот мандат е во пензија и дистанциран од партијата која ја водеше.
Фото: Инфомакс





