Судењето за Пулс започнува на 19-ти ноември

Судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16-ти март во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а подоцна починаа уште 4 повредени лица и возачот на итната медицинска помош, ќе започне на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“, соопштија утрово од Кривичниот суд.

„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска“, се вели во соопштението.

Покрај судиите кои беа изземени заради нивното постапување во постапката пред оценката на обвинителниот акт, дополнителнио и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска се изземаа од постапување по предметот заради лично познанство со дел од оштетените.

Како втор член на судечкиот совет ќе постапува судијата Ахмед Идризи.

Од судот информираа дека дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа на 25 и 26 ноември, како и на 2, 4, 10 и 11 декември, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ