Во сабота Марш за ангелите во Кочани

Во сабота на 18-ти октомври со почеток од 15:05 часот ќе се одржи Марш за ангелите во организација на родителите на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката Пулс:

„Ние – родителите кои ги изгубивме нашите деца, повторно ќе застанеме на местото каде што болката никогаш не престана.

Секој чекор што ќе го направиме ќе биде во нивна чест.
Секој поглед кон небото – потсетник дека таму се нашите ангели.

Ние не бараме ништо повеќе од ВИСТИНСКА ПРАВДА !
За нив, за сите што ги нема, и за сите што допрва ќе живеат во оваа земја.

Затоа, дојди.
Не по нас – по совеста што сè уште ја имаш.
Стој со нас достоинствено, со тишина што зборува погласно од сè.

За нашите деца. За правдата. За човечноста.“ – стои во соопштението на родителите.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ