Суперѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, додаде уште еден луксузен автомобил во својата колекција, персонализиран BMW i7 вреден 185.000 евра – иако, неверојатно, сè уште нема возачка дозвола!
Во текот на својата кариера, Мбапе собрал возен парк кој вклучува: „Ferrari SF90 Stradale“ (вреден околу 465.000 евра), „Cadillac Escalade“ (околу 270.000 евра), „Ferrari 488 Pista“ (над 300.000 евра), „Mercedes V“ класа (околу 100.000 евра) и „Volkswagen Multivan“ (околу 75.000 евра).
Но, има еден проблем – Мбапе не може да вози ниту еден од нив. Францускиот напаѓач никогаш не го положил возачкиот испит.
„Тоа е една од последиците од успехот на рана возраст. Пропуштив едноставни работи како што е добивањето возачка дозвола“, рече Мбапе во 2023 година.
Иако не вози, Мбапе наводно понекогаш седи во старо „пежо 206“ и вози низ паркингот, само за да се чувствува „како обичен човек“, пренесува гол.дневник.хр.




