Според Државната изборна комисија (ДИК) гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани
Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека овој податок се однесува на 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Гласањето се одвива без проблеми.
На овие Локални изори се гласа на 3 474 избирачки места, вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Гражаните ќе може да гласаат до 19 часот а правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.





