Мортус кавадарчанец со „101“ престигнал седум возила и поминал на црвено, полицијата го уапсила

 Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. 

– Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ co кавадаречки регистарски ознаки, престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ