Ги оставил парите во кафуле – Скопјанка измамила гостиварец со 7.200 евра за стан

МВР информира за измама на гостиварец, кој дал капар и мислел дека изнајмил стан во Скопје.

-На 18.10.2025 во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас  на социјална мрежа за издавање стан во Скопје. Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ