ВМРО ДПМНЕ во Штип со мнозинство од 16 мандати во Советот, СДСМ падна на четири

Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во Штип ги следеше бројките што на Иван Јорданов му го донесоа вториот градоначалнички мандат. На овие избори, ВМРО ДПМНЕ оствари апсолутно мнозинство во Советот со 16 мандати, еден повеќе од изборите во 2021 година. СДСМ изгуби два мандати и од шест падна на четири. Левица го зголеми учеството во Советот на двајца советници, додека ЗНАМ влегува во Советот со едно советничко место во Штип. И тоа е се’. Двете независни листи не успееја да освојат советничко место.

Првите три места од листата на ВМРО ДПМНЕ се двајца доктори специјалисти и досегашната претседателка на Советот.

Во однос на бројот на гласови, советничката листа на ВМРО ДПМНЕ освои 12.461 глас, додека Јорданов изборите ги заврши со 16.514 гласови. СДСМ со советничката листа освои 3073 гласа, додека Левица 2054 гласа.

На изборите во 2021 година, ВМРО ДПМНЕ имаше 13.085 гласови, додека СДСМ 9.210.     

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ