Екс претседателот на Франција се пријави во затворот на издржување казна за изборна корупција

Држејќи ја за рака својата сопруга Карла Бруни – Саркози, поранешниот француски претседател Никола Саркози пристигна пред парискиот затвор Ла Санте каде ќе почне да ја издржува петгодишната затворска казна.

Саркози (70) беше прогласен за виновен за нелегално финансирање на неговата претседателска изборна кампања во 2007 година. Екс претседателот тврди дека е невин.

Изутрината, додека Саркозиу го напушташе својот дом, насобраните поддржувачи скандираа „Никола, Никола“. Синовите и ќерката на Саркози, Жан, Пјер, Луј и Џулија, и неговите внуци се појавија да го испратат.

Пред да почне со издржувањето на затворската казна, Саркози објави порака на социјалните мрежи во која ги повтори своите тврдења дека е „невин човек“ и рече дека чувствува „длабока тага за Франција“.

„Додека се подготвувам да ги преминам ѕидините на затворот Ла Санте, моите мисли се со францускиот народ од сите сфери на животот и мислења. Сакам со непоколеблива сила да им кажам дека утрово не е приведен поранешен претседател на Републиката, туку невин човек. Не се сомневам. Вистината ќе излезе на виделина. Но, цената што треба да се плати ќе биде огромна“, напиша Саркози.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ