„Нека ви се честито дивоградбите“ – Данела Арсовска се обрати на Меџити и Ѓорѓиевски

Фото: Фејсбук

Нека ви се честито дивоградбите, напиша се уште актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, објавувајќи фотографија со Орце Георгиевски, новиот кандидат за градоначалник и Изет Меити, кој ќе го води Чаир следните четири години.

Таа во статудот напиша:

-Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно.

За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години.

Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.

ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години

ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа

ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје

ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП

ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.

Убаво сте излезени на сликава важно!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ