Деветтото издание на регионалната конференција за жени Профемина 2025, која оваа година се одржува под мотото: „Креативна, моќна, непобедлива“ ќе се одржи на 23 овој месец во „Холидеј ин“ со почеток од девет часот.
Ќе биде ден исполнет со инспирација, мотивација, убавина и знаење – во друштво на уредништвото на списанието „Убавина и здравје“, како и со бројни експерти и панелисти од областа на медицината, дерматологијата, психологијата, партнерските односи, образованието и бизнисот.
Оваа година, ПРОФЕМИНА носи моќна програма со теми што отвораат важни прашања и инспирираат позитивни промени. Од здравјето и убавината, преку психолошката рамнотежа и партнерските односи, до дигиталниот живот и личниот развој — сè на едно место, во еден ден исполнет со инспирација и добра енергија.
Програмата опфаќа:
10.00 – 10.40 Помалку совршена, повеќе вистинска – разговор за прифаќањето на себеси и автентичноста како најголема сила.
10.45 – 11.10 Проширени вени: здравствен или естетски проблем? – современи решенија за женското здравје.
11.15 – 11.55 Тивките болести на жената – важни теми кои често ги игнорираме, а можат да го променат нашиот живот.
12.00 – 12.25 Сјајот на едноставноста: новото лице на секојдневната убавина – минимализмот како формула за вистинска убавина.
12.35 – 13.05 Плодност – заедничка мисија на двајцата партнери – разговор за доверба, љубов и поддршка.
13.10 – 13.50 Подобар онлајн – како да пронајдеме рамнотежа во дигиталниот свет.
14.00 – 14.40 Од срам до сила: менопаузата како ново будење – менување на перспективата и прифаќање на новата животна фаза со гордост.
14.45 – 15.05 Историја на брендот – инспиративно патување низ вредности, визија и истрајност.
15.10 – 15.55 Танцот на хормоните: да ги научиме чекорите – подобро разбирање на телото, енергијата и емоциите.
16.00 – 16.30 „Партнерологија“ бѕ Јелена Станивуковиќ – тајните на хармоничните односи и љубовта во 21 век.
16.40 – 17.20 Што сакаат жените: низ призмата на мажите – духовит и искрен дијалог што секогаш предизвикува интерес.
Специјална гостинка: Јелена Станивуковиќ





