Авторот Илија Ќосевски, кој го води оркестарот, на денешната прес конференција, рече дека по звршување на првата вечер фестивалот добил многу пофални коментари, но и дека со дозвола од семејството можно е идната година фестивалскиот оркестар да го носи името на Филип Стевановски, музичарот, кој загина во трагедијата во Кочани.
-Ги имаме најдобрите коментари за оркестарот и се надеваме дека денес и утре ќе се ужива во уште поубави песни и оркестрирани аранжмани. Се надевам дека со години ќе растеме и ќе достигнеме од камерен оркестар, да станеме оркестар. Сакам да се заблагодарам на семејството на Филип Стевановски за поддршката, бидејќи оркестарот е формиран од него. Неговото дело ќе го одржуваме во иднина и ќе го надградиме, како што имаше желба и тој. Моето прифаќање за водењето на оркестарот беше доста тешко.

Со тоа што широката јавност го знаеја Филип како еден од поенергичните уметници, беше застапен на многу места. Оваа работа е доста тешка, но сите тимски со раководството и сите музичари, кои се нафатија да бидат дел од овој оркестр се заслужни. Да го славиме и да ја негуваме македонската музика. Сме размислувале и идеите се дадени оркестарот да го носи името „Филип Стевановски“, но за тоа треба да одлучи семејството. Се надеваме дека на следното издание оркестарот ќе биде под негово име, рече Илија Ќосевски.




