Опуштено посветени само на својот настап. Таква беше втората вечер од јубилејното издание на фестивалот „Макфест“, која беше посветена на изведба на нови хитовски рефрени, но ревијално, без стресови за награди.
Единствената награда која беше доделена е наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала, а ја доби Антонија Гиговска, за песната „Жена“
Домот на културата „Ацо Шопов“ беше премал за да ги собере сите љубители на макфестовската музика. Настапија помалку и повеќе познати музики имиња, кои донесоа нови 20 песни, од кои секако поголем дел од нив ќе си го најде местото кај публиката.
Што се случуваше на сцена, погледнете низ галеријата на нашите фоторепортери Вангел Тануровски и Неда Тануровска:






















