Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе делови од државата, додека на автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село, поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Како што информираше Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, но повикува на внимателно возење поради влажните коловози. Препораката особено се однесува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фотографија: Архива





