Мечка прошета по главниот булевар на Дебар – издадено предупредување за внимателност

Пред неколку дена низ главниот булевар на Дебар прошета возрасна мечка која предизвика вознемиреност меѓу жителите. За среќа, мечката немаше „блиски средби“ со минувачите, но по ова, Ловечкото здружение „Стогово“ од Дебар издаде предупредување.

Ловците советуваат ако сретнете мечка, да не трчате, бидејќи е многу побрза од луѓето, да не ја провоцирате и да не ѝ се приближувате за да правите фотографии или видеа.

„Исто така, не ја хранете, бидејќи ќе се врати повторно. Препорачливо е да останете смирени и полека да се повлечете, без да правите ненадејни движења и без да ја гледате мечката право во очи. Ако мечката е на растојание, можете да направите бучава – како плескање со рацете или зборување со нормален глас – за да ја оддалечите. Во случај на опасност, на граѓаните им се препорачува веднаш да се јават во полицијата, шумската служба или општината, советуваат од ловечкото здружение „Стогово“.

Здружението реагира на значително зголемување на појавата на диви животни во урбаните и руралните средини, вклучувајќи мечки, диви свињи и волции предупредува дека ваквите случаи претставуваат сериозен ризик за безбедноста на граѓаните.

Овој феномен е особено изразен во есенските месеци, кога дивите животни, особено мечките, бараат повеќе храна за да се подготват за зимата. Дебар како градска средина останува еден од најпогодени, додека високите села во околината остануваат високоризични места, каде често шетаат диви животни.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ