За 18 килограми злато заборавиле на униформата – Уапсени двајца полицајци, осомничени се за грабеж на златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво” по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.
-Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар, информираат од МВР.

МВР во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Основното јавно обвинителство Гостивар, пак, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите  и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ