„Нема веќе да силуват жени, киднапират и снимаат деца“ – Протести во Црна Гора против Турците по инцидентот во Подгорица

Фото: Вијести.ме

По инцидентот што ја потресе населбата Забјело во Подгорица пред две ноќи, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведе низа проверки, додека двајца мажи од Азербејџан и Турција беа уапсени под сомнение за учество во насилството.

Во меѓувреме, беше нападнат и бар во сопственост на Турци, додека граѓаните, огорчени од нападот, излегоа на улиците синоќа, објави РТЦГ.

Дури и најсилната навивачка група „Варвари“ се огласи на социјалните мрежи и најави нови протести.

-Вечерва, заедно со момците од Забјела, го обиколивме целиот град и рековме дека повеќе нема да дозволиме вооружени мигранти да владеат со улиците на нашата Подгорица.

-Сакаме да истакнеме дека акцијата од вечерва и во иднина нема и нема да има никаква врска со граѓаните на која било земја, ниту со која било нација или религија. Тоа има врска само со настаните што се случуваат во последно време од страна на голем број мигранти кои силуваат наши жени, киднапираат и снимаат деца, ограбуваат по улиците, шетаат вооружени по улиците на Подгорица, и конечно го имаме епилогот на нашиот пријател од Забјела кој е избоден. Велиме дека ова нема да се повтори и дека ако државата не е способна да нè заштити, ние ќе ги заштитиме нашите мајки, сестри и себеси. Утре (вторник) има протест пред Владата во 19:00 часот. Се гледаме – пишува во објавата на Варвари на социјалните мрежи, пренесува новости.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ