Ја заклучил во соба и ја прскал со средство за чистење – Жена пријавила дека била нападната на работно место, приведен маж од Велес

Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода М.П.(31) од Велес по пријава од 55-годишна велешанка. 

Како што информира денеска МВР, жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.

М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ