(Видео) Блазе си му! Трамп се разигра со војниците, а го прекрши и протоколот, па премиерката на Јапонија го бркаше по црвениот тепих

Фото: Видео Х

Трамп, кој во моментов е во Јапонија, привлече внимание играјќи со војници во американска база и кршејќи го протоколот при средбата со премиерот на земјата, Санае Такаичи.

Во Јапонија, тој ја посети и базата на американската морнарица, каде што танцуваше со војниците.

Меѓутоа, за време на средбата со новоизбраниот премиер на Јапонија, Санае Такаичи, американскиот претседател го прекрши протоколот, што беше снимено и со камера.

Иако протоколот налага лидерите да застануваат и да ги поздравуваат војниците, Трамп само поздрави и продолжи да оди напред.

Премиерката на Јапонија остана зад него, а потоа мораше да му покаже со рака дека треба да одат до фото-штандот, бидејќи тој отиде во спротивната насока, пренесува блиц.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ