Лажен полицаец запрел возило, земал документи од возилото, а на возачот му одзел пари и картичка

МВР информира дека лажен полицаец ограбил скопјанец.

-На 29.10.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека на 28.10.2025 околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото. Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ