ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение коментирајќи ги резултатите на опозициската СДСМ на овие локални избори, оценувајќи ги како „одлични.
„Им посакуваме на Филипче и СДС уште многу вакви успеси на избори. Филипче направил одличен резултат на овие избори. И бидејќи е добар резултат го повикуваме да го повтори истиот. И сè додека Заев наредува а Филипче исполнува, СДС е на добар пат да ја повторува оваа состојба. Му честитаме. Не можеше подобро!“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Тие додадоа дека им посакуваат уште многу вакви „успеси“ кои за нив биле очигледно одлични, но за Македонија за жал биле тешко потсетување на реалноста која таа партија ја носела со себе.





