СДСМ: Во општините каде што немаме кандидати во вториот круг, гласајте за кандидатите најблиски до идеите и вредностите за чесно владеење, почит, еднаквост и развој

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес, меѓу другото, го соопшти и ставот на партијата во врска со вториот круг од изборите за градоначалници во општините во кои СДСМ нема свои кандидати:

„Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој” – рече Филипче.

Тој посочи дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на ВМРО ДПМНЕ:

„Треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. И тоа беше евидентно во првиот круг на изборите. Повеќе од 140.000 гласови изгуби ВМРО-ДПМНЕ за нешто повеќе од година дена. И тоа е јасен знак, јасен индикатор дека опозициското расположение расте. Очекувам тоа да продолжи и да се засили и во периодот после изборите. – додаде Филипче.

„Јасно е зашто е така. Власта не понуди решенија за најтешките, за најгорливите проблеми на граѓаните не покажа слух, покажа само невиден степен на ароганција. Гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста, најсилен отпор на апатијата и единствен начин да изградиме општества што се фер, нормални и општества што се блиски до граѓаните. Во недела сигурен глас може да направи и ќе направи разлика. Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите туку ќе биде отворена секој ваш кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина.“ – додава тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ