(Видео) „Жал ми е ако ве повредив, тоа не ми беше намера“ – Цеца по инцидентот во Велес кога се нагрна со бугарското знаме

Цеца: Х видео

На синоќешниот концерт на Цеца во Велес,, се случил инцидент. На бината таа се нагрна со бугарското знаме, по што публиката почна да свири и да негодува.

Како што се гледа во видеата, Цеца не беше свесна дека знамето е бугарско, бидејќи Мики Секуловски ја опомена и таа го тргна.

На социјалните мрежи молњевито се проширија видеа од настанот, а на негативните коментари им немаше крај.

По овој инцидент, се огласи и Цеца со изјава за Бекстејџ.

„Не е невообичаено што секогаш со задоволство го прифаќам секое знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луе. Нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повредил некого – навистина не ми беше намера, а особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно – рече Цеца, која во Велес, како што вели, го одржала целиот двочасовен концерт.

@m4kedonche #macedonia #macedonia🇲🇰 #makedonija🇲🇰 #makedonija #🇲🇰 ♬ Smooth Strut (Syn) – Ah2


А за реакцијата на социјалните мрежи, Цеца вели:

„Реакциите се случија во салата, помеѓу мојата публика и мене. Знаеме како се забавувавме – што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно таа вечер во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене“, рече пејачката, која додаде дека во текот на ноќта го закачила знамето на Македонија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ